Утрински Весник
Македонија

Татко и син од Струмичко убиени во Швајцарија

Татко и син од Струмичко убиени во Швајцарија
Ss2

Струмица, 27 март 2020 (МИА) – Наум Колев (47) и неговиот син Доне (23) од струмичкото село Мокриево се убиени во Швајцарија во местото Соренс, во кантонот Фрибург. Нивните тела вчера биле пронајдени на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, објавија швајцарски медиуми, а веста ја потврдија и жители на селото Мокриево.

Според швајцарскиот интернет портал „20 минути“, „татко и син, на возраст од 47 и 23 години, населени во кантонот Вауд, биле пронајдени мртви во регионот на Соренс (ФР). Тие веројатно биле убиени од огнено оружје, проценува кантоналната полиција на Фрибург“, пишува овој портал.

300x250 (7)

Семејството Колеви петнаесетина години живееле во Швајцарија и важеле за мирно и работливо семејство. Според струмичани што живеат таму, таткото и синот заминале во вторникот навечер од својот дом за да си ги повлечат дадените пари за купување на земјоделска механизација.

-Голема трагедија. Наум го знам од дете и неговиот животен пат. Беше чесен, кроток и работлив. Станува збор за прекрасно семејство, рече Петар Спасов, жител на селото Мокриево и поранешен градоначалник на општина Ново Село.

Според швајцарски медиуми, за убиството се сомничи триесет годишен маж, кој е уапсен и ја признал вмешаноста во убиството. При претресот кај него било пронајдено огнено оружје, а полицијата треба да ги утврди точните околности под кои биле убиени таткото и синот.рт/лв/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

ПЕТРОВСКА ДО СТОЈАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите