Утрински Весник
Македонија

Парична казна за двајца жители на Дебар кои го прекршиле полицискиот час

Дебрани ги почитуваат мерките за самоизолација
Dik 300x250 mk

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Дебар денеска поднесе Предлог за издавање казнени налози против две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.

Како што се наведува во соопштението, обвинетите​ во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле по градот. ев/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево

МВР: Добиени дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово