Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица препорачува граѓаните да не ја користат трим патеката над градот

Општина Струмица препорачува граѓаните да не ја користат трим патеката над градот
Dik 300x250 mk

Струмица, 26 март 2020 (МИА) – Општинскиот штаб за заштита и спасување им препопрачува на граѓаните да не ја користат трим патеката над градот која води до манастирот „Свети Илија“, објавија денеска од Општина Струмица.

-Од воведувањето на вонредната состојба и апелите граѓаните да останат дома, голем број струмичани, посебно помлади, ја користат трим патеката. Од тие причини општината апелира граѓаните да не ја користат за да не доаѓа до поблиски контакти и можно пренесување на коронавирусот, стои во препораката од локалната самоуправа.

Трим патеката е долга 2.100 метри и на неа има поставена справи за вежбање, а на струмичани им е омилено место за спорт и рекреација. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат