Утрински Весник
Македонија

Делчевскиот здравствен дом адаптира простории за карантинска намена во случај на зараза од Ковид-19

Делчевскиот здравствен дом адаптира простории за карантинска намена во случај на зараза од Ковид-19

Делчево, 25 март 2020 (МИА) – Делчевскиот здравствен дом почна со адаптација на простории кои во случај на појава на зараза од Ковид-19 ќе имаат карантинска намена, соопшти денеска директорката на Здравствениот дом во Делчево, д-р Марија Глигоровска, која информираше дека за таа цел ќе бидат искористени просториите на поранешниот Центар за дијализа.

Pet Utrinski

– Добивме налог од Министертвото за здравство за обезбедување карантински простории на ниво на Општина и на ниво на Здравствен дом. Имаме простории што се моментално послободни за таа намена кои се наоѓаат на местото на поранешниот Центар за дијализа во Делчево. Веќе работиме на чистење на просториите, во смисла на отстранување на непотребна апаратура и делови. Поголемиот дел е веќе стерилизиран, некои внаши работени што работеа тамусега се преместени на друго место. Исто така, се работи на спроведување електрика и водовод за во случај на лошо сценарио со Ковид-19. Дај боже да немаме таква ситуација, но ние треба да бидеме подготвени, вели Глигоровска.

Глигоровска истакна дека граѓаните генерално ги почитуваат препораките, но посочи дека има и такви кои ја злоупотребуваат работатата на Итната медицинска помош.

– Се уште имаме пациенти кои знаат да ја злоупотребат ситуацијата со коронавирусот. Знаете, наши граѓани и пациенти се научени прво да одат во брзата помош. Иако брзата помош е за итни и неодложни случаи, дел од пациентите особено за полицискиот час ја злоупотребуваат на пример за обично мерење притисок и бараат белешка да можат слободно да се движат. Тие пациенти имаат комуникација со матичните лекари која знам дека е добра и затоа ги замолувам да не се изложуваат на опасност, прво самите себе, потоа матичните лекари, но на крај и нивните семејства, додава Глигоровска.

Дел од овие активности Глигоровска денеска ќе и ги пренесе на целиот медицински тим кој во текот на денот ќе одржи нов состанок на кој ќе бидат донесени и останати мерки и препораки кои произлегуваат согласно ситуацијата со коронавирусот. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје