Утрински Весник
Македонија

Нови 29 случаи со коронавирус, вкупно 177

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата од кои во Скопје 20, Куманово три, Велес три, Прилеп два и во Дебар еден случај.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 177 лица, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 108, во Дебар – 41 и еден починат, во Куманово – 11 и еден починат, во Штип – седум, Велес – три, Кавадарци – два, Охрид – два, Прилеп – два и Гостивар – еден. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија