Барселона, 25 март 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски шампион Барселона е подготвена во летниот преоден рок да се раздели со осум играчи од сегашниот состав.
На крајот на сезоната, каталонскиот клуб има намера да го засили списокот и да покани од два до пет новодојденци на позиции во напад, среден ред и одбрана.
Сепак, паузата во сезоната поврзана со пандемијата на коронавирус сериозно ќе влијае на финансиските можности на Каталонците во текот на летото, како и на спецификите на пазарот.
Затоа, Барса има намера да ги пушти своите играчи во други екипи – станува збор за продажба и за размена.
Од „Камп Ноу“ може да си заминат: Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Самуел Умтити, Мартин Браитвајт, Филипе Кутињо, Јуниор Фирпо, Антоан Гризман и Нето. зс/