Утрински Весник
Македонија

Димитров: Чесно е да се очекува годинава да ги почнеме преговорите со ЕУ

Димитров: Чесно е да се очекува годинава да ги почнеме преговорите со ЕУ

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Република Северна Македонија ќе добие 69 милиони евра од ЕУ за справување со состојбата со коронавирусот, соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Од тие, три милиони се директна буџетска поддршка, 50 се за економско опоравување, четири за најитни медицински потреби во борбата со коронавирусот, 12 за поддршка на малите и средни претпријатија, рече министерот за надворешни работи во гостување во емисијата Топ тема на Телма.

Тој оцени дека ова е исто така важна порака во смисла на европска солидарност од ЕУ, која денеска даде препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Одлуката за почеток на преговори што ја донесе денеска Советот, ја оцени како сериозна добра вест.

-Сега ние не можеме да ја примиме како што треба, бидејќи имаме поголема грижа, меѓутоа ќе се справиме со неа, а ова е еден процес што ни гарантира европска индина и конечно да се натпреваруваме со другите држави во реформските процеси, изјави Димитров.

Тој истакна дека очекува годинава да почнат претристапните преговори.

-Ние оваа одлука ја заслуживме и во 2019 година  и во јуни 2019 и во октомври  2019. Јас мислам дека е чесно  да се очекува ние да почнеме оваа година пристапни преговори со првата меѓувладина конференција.  Ако успее комисијата тоа да го направи  во јуни веднаш потоа  ќе ги почнеме, меѓутоа  непредвидливоста со коронавирусот  и кај нас влијае и во  ЕУ влијае.  Важно е дека големата барикада е зад нас и дека ние се пробивме, истакна Димитров.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала