Утрински Весник
Македонија

Чулев: На границите 99 отсто се транспортери, патници веќе нема

Чулев: Забраната за движење генерално се почитува, лишени од слобода 18 лица

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – На границите за влез и излез од земјава патници веќе нема, целото движење е ограничено и регулирано, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во гостување на емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Тој додаде дека по донесување на одлуката на Владата за излез само со потпишување изјава дека во наредните 90 дена нема да се вратат и ограничување на движењето по излез, како и затворени аеродроми, бројката на регистрирани патници на влез и излез се сведува само на хуманитарните конвои што ги организира државата.

-Од 07.00 часот на 23 март до 07.00 часот на 24 март вкупен број патници кои влегле и излегле од земјава се 3032, од кои на влез се 1554 и излез 1478. Само шест случаи се кои излегле од државатаи потпишале изјава дека нема да се вратат 90 дена во земјава. Деведесет и девет отсто од случаит се работи за возачи на камиони, македонски или странски државјани, рече Чулев.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вториот пензиски столб на обвинителна клупа – дали е тој виновникот или само последица?

ВЛЕН: Требаше Али Ахмети да замине во опозиција за Зајас да дознае зошто остана без канализација

СДСМ: Мицкоски и неговите „успеси” – кога пропагандата се судира со реалноста