Утрински Весник
Спорт

Буфон добива нов договор во Јувентус

Буфон добива нов договор во Јувентус

Торино, 24 март 2020 (МИА) – Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ќе добие нов договор од Јувентус, клуб во кој ќе остане до летото во 2021 година. Деталите се веќе договорени, останува само формален потпис на продолжената соработка.
Покрај Буфон, во „црно-белиот“ дрес на „старата дама“ ќе останат дефанзивецот Џорџо Кјелини и играчот за врска Блас Матуиди. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград