Утрински Весник
Економија

Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал

Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Владата на вчерашната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинска стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал (согласно Задолжението од Петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб одржан на 20 март 2020 година и Задолжението од Шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 21 март 2020 година) во врска со ослободување на царинските давачки за сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кој се увезува во Република Северна Македонија.

-Одлуката има за цел да се надминат евентуалните нарушувања на пазарот во земјата во однос на снабденоста со овие стоки, како резултат на прогласената пандемија на коронавирусот од страна на Светската здравствена организација и преземените рестриктивни мерки од страна на одделни земји во вид на ограничување на извозот на овие производи, информира владината прес-служба. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски: Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела 

УЈП: Наближува крајниот рок за достава на пресметки и докази за остварен доход од работа во странство за 2025 година

Филипче: Владата скрати 40 милиони евра од субвенциите за земјоделците