Утрински Весник
Македонија

Снег на Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека – да се вози внимателно

Снег на Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека – да се вози внимателно

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Стража, Кула, Плетвар, Ѓавато, Маврово, Попова Шапка, Пресека, Граничен премин Делчево и Крива Капалнка – Граничен премин Деве Баир. Според АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка