Утрински Весник
Македонија

Стечајните постапки во мирување додека трае вонредната состојба

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која стапува во сила Законот за стечај за време на вонредна состојба.

Според Уредбата, сите почнати стечајни постапки – претходна постапка за отворање стечајна постапка и отворање стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

-На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање стечајна постапка или поведување претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, наведува Владата. мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Директна авиолинија Анкара – Скопје и карго железничко поврзување  

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците