Куманово, 23 март 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со online репертоарот, од денеска гледачите можат да ја проследат претставата „Интрига и љубов“.
-Почитувана публико, благодарност за поддршката за нашиот online театар. Денес на нашиот online репертоар е претставата „Интрига и љубов“. Се надеваме дека ќе уживате. Претставата ќе биде на следниов линк: https://youtu.be/E3RkL-gLXMs, повикаа од кумановскиот театар.
Претставата е работена според текст на Фридрих Шилер, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а играат Јордан Витанов,. Антонио Димитриевски, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Пешевска, Нина Максимова и Мирослав Петковиќ. Претставата премиерно беше прикажана во 2017-та година.
Се работи за сценски богата претстава во која е раскажана приказната за забранетата љубов на двајца млади, благородник и граѓанка, на кои им се вплеткуваат манипулатори од повисоките општествени слоеви преку различни интриги. Претходно кумановскиот театар ги прикачи детските претстави „Волшебникот од Оз“ и „Пинокио“, комедијата „Бегај, еве ја жена ти-Па не баш“ и „Ревизор“. ам/цр/