Утрински Весник
Македонија

Општина Крива Паланка презема низа мерки за заштита од Ковид-19

Општина Крива Паланка презема низа мерки за заштита од Ковид-19

Крива Паланка, 23 март 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб од Крива Паланка периодов презема низа мерки за заштита на граѓаните од ширење на Ковид -19. Постојано на терен се мобилните тимови со волонтери на Црвен Крст, а отворена е и телефонска линија за психо-социјална помош 070/949-776.

– Општинскиот кризен штаб е во постојана координација со сите чинители на локално и национално ниво со цел навремена превенција и заштита на населението од вирусот кој веќе ја однесе и првата човечка жртва во државата. Оформени се мобилни тимови во соработка со Црвен Крст за помош на стари и изнемоштени лица домашни услови, кои можат да се јават на телефонот 078/30 30 60, отворена е телефонска линија за психо-социјална помош 070/949-776, донесени се интерни правила за превенција и постапување на вработените во општина Крива Паланка, извршена е дезинфекција на ГП Деве Баир, јавни локации, улици, садови за смет, јавни тоалетина сите простории во јавни установи и институции на локално затворени се зелениот градски пазар и сите спортски терени и објекти, а извршена е дезинфекција на сите надворешни детски игралишта и урбана опрема и реквизити, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Дадени се  насоки на сите совети на станари да извршат дезинфекција на влезовите и заедничките делови од колективните станбени згради, а општинските инспекциски служби вршат постојана контрола на терен на почитувањето и примената на мерките и препораките од Владата и се врши и редовна контрола на сите повратници во општината.

Активирани се и телефонски линии за пријавување евентуални неправилности и непочитување на мерките и препораките .

Од Општина Крива Паланка апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на релевантните институции да се остане дома, да не се создаваат дома залихи од храна, хигиенски производи и лекови.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТОПЛОТНИ БРАНОВИ: До крајот на август ќе имаме многу топло време!

Приведен скопјанец, фрлал камења кон полицискот  хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари

Продолжува забраната за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод – Скопје поради пожарот во Јасен