И младите, исто така, можат да заболат па дури и да умрат од корона вирусот и затоа мора да избегнуваат мешање во групи и проширување на заразата на повозрасни и поранливи лица, објави Светската здравствена организација (СЗО).
– Денеска имам порака за младите луѓе: не сте непобедливи. Овој вирус може да ве смести во болница со недели, дури и да ве убие, изјави Тедрос Аданом Гебрејсус, генерален директор на СЗО.
И да не се разболите, додаде тој, одлуките кои ги носите за тоа каде се движите можат да за некој друг да значат живот или смрт.
– Иако повозрасните лица се најтешко погодени, младите не се поштедени. Податоците од многу земји покажуваат дека значителен број од пациентите на кои им треба хоспитализација се под 50 години, рече Аданом Гебрејсус.
Сепак, тој се заблагори што многу млади луѓе ја шират пораката, а не вирусот. Затоа повторуви, солидарноста е клучот за победа над Ковид-19.
– Солидарност меѓу земјите, но и солидарност меѓу групите со различни возрасти. Ви благодарам што го слушате нашиот повик за солидарност, солидарност, солидарност, рече генералниот директо на СЗО.