Утрински Весник
Македонија

Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

Скопје, 21 ммарт 2020 (МИА) – МВР соопшти дека на социјалната мрежа Facebook се забележани групи кои, претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните.

Групите од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи (лична карта, пасош), како и нивните податоци од платежни картички со единствена цел – искористување на податоците за натамошни криминални активности.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности, стои во соопштението. мч/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Времето утре – сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора

Костадиновски: Обвинителите да се платат, но мора и да испорачаат