Утрински Весник
Македонија

Дука побара да се најде начин за евакуација на граѓаните од другите градови или земји затекнати во Дебар

Дука побара да се најде начин за евакуација на граѓаните од другите градови или земји затекнати во Дебар

Дебар,21 март 2020 (МИА) – Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб, денешната редовна прес конференција оцени дека активностите на надлежните институции како на локално, така и централно ниво продолжуваат во континуитет.

– Се оди во најдобар ред. Во Општата болница во Дебар пристигнаа еден специјалист пулмолог и тројца педијатри, како и заштитна опрема за здравствениот кадар а ќе прстигне и друга. Педијатрите ќе работат двосменски за да може граѓаните за своите деца да користат здравствена услуга,рече Дука.

Посочи дека се прават напори да биде извршена евакуација на граѓаните кои останаа затекнати по прогласувањето на кризната состојба на 13 март.

-Имаме барање до Владата за лицата, македонски и странски државјани, кои поради прогласувањето на кризната состојба останаа заглавени, да се организира протокол за нивна евакуација, идентичко како што беа евакуирани жители од селата Тресонче, Гари и Осој, рече Дука.

Станува збор за 110 лица од нив 21 странски државјанин,од Косово и од Шведска. Македонските државјан се од повеќе градови,но најмногу од подрачјето на Река,општна Маврово Ростуше,кои во дебар бле на работа,на шопинг или на лекарски преглед.

За сите нив беше обезбеден престој во капацитетите на „Дебарски Бањи Цапа“, а волонтерите на Црвен крст им доставија облека.

Дука го повори апелот до своите сограѓани да ги почитуваат препораките на надлежните.вт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Претседателката Сиљановска Давкова го прими италијанскиот министер за надворешни работи, Тајани