Утрински Весник
Македонија

Пунктови и телефонски броеви за медицински услуги во Тетовско

Пунктови и телефонски броеви за медицински услуги во Тетовско

Тетово, 21 март 2020 (МИА) – Со цел да има помалку движење на населението со одредени здравствени проблеми и симптоми јавните здравствени служби од Тетово организираа да има добивање на услуги на пунктови низ општините. Целта е луѓето да можат да се консултираат и дадат епидемиолошка анкета, па лекарите да одлучат за понатамошните чекори и евентуално испитување на Ковид – 19.

– Јавните здравствени установи во соработка со примарната здравствена служба (матичен лекар), за регионот на Општина Тетово и околните општини организираа услуги во пунктови во Боговиње, Желино, Теарце, Челопек-Брвеница, Голема Речица и Тетово со доктори и медицински сестри за проблемите поврзани со сомневање за Кои – 19, информираат Центар за јавно здравје, Клиничка болница и Здравствен дом.

Од установите апелираат за било каква здравствена консултација граѓаните да ги користат достапните следни броеви: 076/365-163, 076/365-120,  075/240-464, 075/200-839, 075/200-339 и 075/445-124.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал