Утрински Весник
Македонија

МЗ: Нови девет случаи на коронавирус во земјава

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека се регистрирани девет нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера.

Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но, во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката. сст/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал