Утрински Весник
Економија

ССМ: Тужби за работодавачите ако незаконски намалат плати

СФДМ и ССМ: Итно да се избере  в.д главен државен ревизор

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска им порача на работодавачите дека имаат обврска да ги заштитат работниците и најави дека ќе поднесе тужби доколку дојде до незаконско намалување на платите со злоупотребување на состојбата со коронавирусот.

Синдикатот ги потсетува, како што наведува во соопштение, оние работодавачи кои сакаат во овие тешки моменти да ги намалат платите на работниците спротивно на Законот за работните односи и спротивно на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, дека согласно Уставот, граѓаните имаат право на обезбедување егзистенција за себе и семејството и  социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.

– Укажуваме дека согласно  член 115 од Законот за работните односи, паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската. Ваквата состојба ќе помине, но укажуваме дека во името на  работниците во наредниот период ќе поднесуваме тужби за сите незаконски и спротивно на Колективен договор намалувања на платите со злоупотребување на  ситуацијата поради нивната себичност, соопшти ССМ.

Според ССМ, сите незаконски и спротивно на Колективен договор намалувања на платите,  ќе ги чинат работодавачите далеку повеќе со камати и судски трошоци по надминување на оваа состојба, а дополнително, потенцираат, повредата на правата од работен однос е кривично дело по член 166 од Кривичниот законик. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќе се осмели ли Владата конечно да ги ограничи цените на основните продукти?

(Видео) Министерката за финансии одела и гасела светла по канцеларии навечер, немале ни кафе на работа

Берзата во август: Ова се компаниите со најтргувани акции