Утрински Весник
Македонија

Апел од СВР-Битола граѓаните да не се собираат на местото „Кркардаш“

Апел од СВР-Битола граѓаните да не се собираат на местото „Кркардаш“

Битола, 20 март 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи – Битола ја информира локалната јавност и апелира граѓаните оваа година да не се собираат ниту групираат на местото „Кркардаш“ каде се наоѓа црквата „Свети четириесет битолски преподобни маченици“.

Како што е познато, според долгогодишната традиција, битолчани во голем број во ноќта меѓу 21-ви и 22-ри март се собираат на „Кркардаш“, ја посетуваат тамошната црква и организираат седенки задржувајќи се подолго време.

-Со цел заштита на граѓаните од ширење на вирусот Ковид-19 апелираме до сите граѓани оваа година да се воздржат од поголеми собирања и групирања во близина на местото „Кркардаш” во Битола, односно граѓаните да останат дома затоа што секој граѓанин има обврска да ги почитува одлуките кои ги донесе Владата и со кои се забрануваат секакви групирања и собирања на повеќе од пет лица на јавни површини, паркови и јавни места, а секој што нема да ги почитува ќе биде соодветно санкциониран, предупредија од СВР-Битола.мт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание