Утрински Весник
Македонија

Бесплатна технолошка вода за пелагониските општини од ЈП „Стрежево“

Бесплатна технолошка вода за пелагониските општини од ЈП „Стрежево“
Img 5587

Битола, 20 март 2020 (МИА)ЈП „Стрежево“ – Битола без надоместок ќе испорачува технолошка вода за одржување на јавните површини во пелагониските општини Битола, Новаци и Могила.

Генералниот директор на ЈП „Стрежево“, Методија Граматковски изјави дека одлуката е во функција на нивниот придонес во борбата против ширење на вирусот Ковид-19.

Img 5587

– Во овој исклучително тежок период на глобално ниво, период кога хигиената и користењето на водата претставува основна превенција за заштита од зарази, одлучивме да почнеме со бесплатна испорака на технолошка вода, првенствено за потребите на комуналните претпријатија на општините кои гравитираат кон хидросистемот Стрежево”, односно општините Битола, Новаци и Могила, посочи Граматковски.

ЈП Стрежево” денеска донираше 1.000 заштитни маски и 1.000 заштитни ракавици преку битолската Општинска организација на Црвениот крст, како официјален партнер на Општина Битола.

– Донацијата е за ранливите групи на граѓани, старите и изнемоштени лица, хронично болни и семејствата на лица со попреченост, но и лица каде се потребни овие заштитни средства, како заштитна мерка за превенција од ширењето на коронавирусот. Оваа одлука ја донесовме откако ги обезбедивме вработените со неопходните заштитни средства за работа во кризни, истакна Граматковски и апелира на свесност и одговорност од сите во борбата против Ковид-19. мт/фф/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години