Утрински Весник
Македонија

Големиот градски пазар во Гостивар ќе биде затворен наредниве 30 денови

Големиот градски пазар во Гостивар ќе биде затворен наредниве 30 денови

Гостивар, 20 март 2020 (МИА) – Големиот градски пазар во Гостивар ќе биде затворен наредниве 30 денови, како мерка за спречување на ширење на корона вирусот. Тоа беше едно барањата на кризниот штаб по состанокот кој се одржа вчера.

Од Општина Гостивар информираат дека вчера бил остварен контакт со сопствениците на претпријатието „Прогрес пазари“’ кое управува со големиот градски пазар и е донесена заедничка одлука со која пазарот нема да работи.

– Ова е заедничка одлука на градоначалникот Арбен Таравари и на Кризниот штаб во Гостивар и во соработка со раководителите на претпријатието, се наведува во соопштението на од локалната самоуправа.

Иако мерките за заштитата од ширење на вирусот не ги опфатија отоврените пазари, гостиварските локални власти во кризниот штаб примиле повеќе поплаки и барање за затварање на пазарот, особено кога во вторник како пазарен ден имаше зголемено присуство на граѓани и продавачи.

Од Општината упатија апел со барање до граѓаните да имаат разбирање за ваквиот потег, бидејќи е во насока на спроведување на препораките за заштита од пандемијата на корона вирусот.згм/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Оние кои се повикуваат на европските вредности, ја пополнуваат американската црна листа!

ДЛАБОКИОТ И МНОГУ ЛАДЕН ЦИКЛОН ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Се очекуваат обилни врнежи, што речиси насекаде ќе преминат во снег!

Повторно изненадени од снегот, патиштата ширум Македонија не се исчистени