Утрински Весник
Македонија

Заеднички состанок на координаторите на советничките групи со градоначалникот на Струмица

Заеднички состанок на координаторите на советничките групи со градоначалникот на Струмица

Струмица, 19 март 2020 (МИА)-Пандемијата од коронавирусот не познава националност, вера и политичка определеност. Ги погодува подеднакво сите и затоа е неопходно во овие вонредни околности да се обединиме и заеднички да делуваме во заштитата на нашето здравје, е пораката од заедничкиот состанок на координаторите на советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во кабинетот на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, соопштија од Општината.

-На состанокот беше потврдена заложбата за заедничка вклученост на сите релевантни фактори, вклучително и претставници од советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во борбата со предизвиците кои ги носи актуелната состојба и преземање конкретни мерки во наредниот период, а согласно ингеренциите на Општината, дополнуваат од локалната самоуправа.

На состанокот биле поздравени сите досегашни мерки кои ги презела Општината итие да продолжат да се реализираат со зајакнување и поддршка од сите надлежни институции. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода