Утрински Весник
Македонија

Штип обезбеди материјал за 20.000 заштитни маски

Штип обезбеди материјал за 20.000 заштитни маски

Штип, 19 март 2020 (МИА) – Општина Штип обезбеди материјал за да се шијат вкупно 20.000 заштитни маски, објави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

-Веќе од утре неколку штипски компании почнуваат да шијат 6.000 маски, а дополнително разговараме со уште неколку конфекции, коишто ќе излезат во пресрет и ќе продолжат со шиење на уште 14.000 заштитни маски за граѓаните. Овие маски важно е да се знае дека се за повеќекратна употреба и граѓаните можат да ги перат и повторно да ги употребуваат, вели Бочварски.

Тој изрази благодарност до сопствениците на конфекциите „Ларс“, „ВАБО“ и ЕАМ“, кои веднаш прифатиле да ги шијат заштитните маски.

-Овие заштитни маски ќе ги доделиме на здравствените работници, на полицајците, пензионерите, текстилните работнички, со што ќе излеземе во пресрет на сите оние коишто се грижат за безбедноста и здравјето на нашите граѓани, вели Бочварски.

Тој информираше дека до попладневните часови во самоизолација се вкупно 64 лица во Штип, а над 250 се од целиот источен регион. Бочварски посочи дека денеска имал и средба со претседателот на Советот и советници од ВМРО-ДПМНЕ, донесен е заклучок дека треба да имаат почеста комуникација на ниво на советнички групи, а кои ќе комуницираат исклучиво во насока на интересот на граѓаните во овие важни и клучни моменти.

Во наредниот период продолжува дезинфекцијата, а денеска и низ парковите. Во Штип утре нема да има пазарен ден, бидејќи Градскиот пазар е затворен. вдј/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НЕМА МЕСТО ЗА ШИРЕЊЕ НА ПАНИКА: Нема во најава екстремно топол бран од Африка

МВР со демант до СДСМ по тврдењата за набавка на сомнителен софтвер за прислушкување

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност