Утрински Весник
Македонија

Во Општина Пласница обезбедени заштитни маски и ракавици за жителите

Во Општина Пласница обезбедени заштитни маски и ракавици за жителите

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Мобилни тимови денеска во Општина Пласница делеа 10.000 заштитни маски и ракавици, донација од градоначалникот, Исмаил Јахоски. На сите ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства на лица со попреченост, во исто време ќе им биде донирана помош и во прехранбени производи.

Како што иформираат од општината, овој тип донација ќе биде во континуитет спроведувана се додека трае состојбата со коронавирусот. Распределбата започна од вработените во општинската администрацијата, а заштитни маски и ракавици се делат и во локалната амбуланта во Пласница и им се обезбедени сите потребни средства за работа. Градоначалникот Јахоски донираше 10.000 маски и ракавици и за жителите на Општина Долнени и уште 7.000 за жителите на Општина Македонски Брод, вклучително и во Здравствениот дом.

-Мора сите да придонесуваме за намалувањето на ширењето на коронавирусот. Ова не е донација туку помош во моменти кога најмногу треба да се помогне. Важно е сите да сме свесни и одговорни и да седиме дома, намалувајќи ги социјалните контакти на минимум. Мора да се почитуваат препораките за доброто на сите, пред се за доброто на нашите најблиски. Сега треба да помогне кој колку може, а самите помагаме ако ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата, изјави градоначалникот Јахоски. вг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“