Утрински Весник
Македонија

Жител на тетовско Шемшово починал откако дрво паднало врз него

Жител на тетовско Шемшово починал откако дрво паднало врз него

Тетово, 19 март 2020 (МИА) – Шеесет и двегодишен жител на тетовското село Шемшово при општина Јегуновце починал поради повредите кои ги здобил откако врз него паднало дрво. Настанот се случил вчера околу 16 часот во месноста „Гомуша„ близу селото Требош.

– При сечење на дрво со моторна пила, во присуство на уште две други лица од тетовските села Џепчиште и Шемшово, дрвото паднало над Ј.К.(62) од Шемшово, кој се здобил со тешки телесни повреди, од кои веднаш починал. Лекар од тетовската Брза помош констатирал смрт, информира денеска СВР Тетово.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба безживотното тело е предадено на семејството за погреб. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Преку езерото”: Филмот „Кома” на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи  

Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски