Утрински Весник
Македонија

Oпштина Велес ги дезинфицира јавните површини во градот

Извршена дезинфекција на улици, јавни површини и урбана опрема во Струмица

Велес 18 март 2020 (МИА) – Општина Велес и ЈКП „Дервен” со засилено темпо спроведуваат активности за чистење, миење и дезинфекција на јавните површини во градот поради ситуацијата со вирусот КОВИД-19.

На фреквентните јавни површини околу плоштад „С’рмаале” и пристапите до банките во централното градско подрачје денеска се изврши чистење и рачно дезинфицирање, додека пак машинската дезинфекција продолжува по однапред утврден план за дезинфекција. Исто така дезинфицирани се и парковските површини и детските игралишта.

Општина Велес им препорачува на граѓаните да останат дома со што заеднички ќе покажат висока свест и позитивен пример. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка