Утрински Весник
Македонија

Занаетчиската комора: Потребно е да се преземаат чекори за надминување на кризата каде занаетчиството е директно погодено

Занаетчиската комора: Потребно е да се преземаат чекори за надминување на кризата каде занаетчиството е директно погодено

Скопје, 18 март 2020

Развој на Занаетчиството на локално и државно ниво датира од многу одавна,добро развиено Занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност. Модерните Занаетчиски Регионални Комори кој ја формираа и основаа Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија се стремат да го издигнат и покажат дека Занаетчиството е се околу нас,и дека со Занаетчиство може да се живее и работи.Законот вели дека Занаетчиска дејност е занаетчиско производство,занаетчиска услуга,уметничко занаетчиство и домашното ракотворење.Меѓу другото,а со оглед на битноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја,неминовно акцентирање на улогата на Регионалните комори како институции кој придонесуваат за развој на занаетчиите , а со самото развивање и на ЗКРСМ ,која ќе биде двигател на развој на општи стандарди,едукацијата,со поставување на стандарди на занаетчиски производи ќе се овозможи на поволна финансиска и кредитна политика ,за развој на занаетчиството.Но новонастаната ситуација во државата зарди Корона Вирусот,сметаме дека е потребно и Ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано,да се преземат чекори за надминување на кризата каде Занаетчиството е дирекно погодено.Наш предлог е да се ослободиат Занетчиите од Придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците Март,Април ,Мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во Државата.Даваме исто така предлог да овозможат и времен престанок на Занаетчиите кој се во директен контакт со луѓето како Фризер,Козметичари,Педикири Маникири.

Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска Комора на Р.С.Македонија

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје