Утрински Весник
Македонија

Црвениот крст и ЦИПО центарот организираат акција за донирање мед

Црвениот крст и ЦИПО центарот организираат акција за донирање мед

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Црвениот крст на Град Скопје и „Едукативниот центар за пчеларство и овоштарство“ ЦИПО организираат заедничка акција за а донирање на природен мед како лек за зајакнување на имунитетот на луѓето, што започнува од денеска.

За таа цел организаторите ги повикуваат сите пчелари и производители на мед да се вклучат во акцијата.

– Секој пчелар кој сака може да донира една или повеќе тегли сопствен природен мед. Акцијата започнува на ден 18.03.2020 година од 8 до 14 часот и ќе трае до 25 март до 14 часот. Доколку има потреба акцијата ќе продолжи, наведуваат организаторите.

Пчеларите и производителите на мед своите донации ќе може да ги доставуваат во Црвениот крст на град Скопје, односно во дневниот центар за стари лица во зградата на „Даре Џамбаз“, по што волонтерите и вработените на Црвениот крст ќе го распределуваат медот на оние на кои им е најпотребен.

– Бидете хумани, грижете се за своето и за здравјето на другите. Подетални информации може да се добијат на ФБ профилот на ЦИПО центарот, на телефон 070546177 или во Црвениот крст на Град Скопје, додаваат организаторите во соопштението. сп/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор