Утрински Весник
Македонија

ТАВ: Аеродромот Скопје е постојано и целосно снабден со хигиенски средства

Законски измени за потпишување Анекс на Договорот со ТАВ
Dik 300x250 mk

Скопје, 18 март 2020

Ги демантираме наводите објавени од профили на поединци на социјалните мрежи кои одредени медиуми ги објавија, а во кои се тврди дека на Меѓународниот Аеродром Скопје нема сапун во тоалетите.

Имено, по налог на Министерството за здравство поголем број патници вечерва се задржани во изолиран дел на Аеродромот, при што поради зголемената потреба во тој тоалет сапунот во еден момент се потроши, но веднаш потоа беше дополнет на страна на нашите вработени.

Во овие кризни времиња, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор ги вложува сите ресурси со цел да обезбеди највисоко ниво на услугите, а хигиената е врвниот приоритет во услови на светска пандемија предизвикана од Коронавирусот.

Како што веќе објавивме, ги дезинфицираме површините на аеродромот три пати на ден, а покрај тоа тоалетите постојано се чистат и сапунот постојано се дополнува, согласно зголемените потреби.

Дополнително, за патниците имаме поставено и диспанзери со средство за дезинфекција на рацете.

Ја разбираме чувствителноста на темата и токму поради тоа правиме сè што е во наша надлежност со цел патниците да се чувствуваат безбедно. Ќе продолжиме да го правиме тоа се до последниот момент на работа, до утрешното затворање на Меѓународниот Аеродром Скопје, на полноќ во 23:59 часот.

Ве замолуваме за коректно информирање на јавноста.

ТАВ Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По 20 години на политичката сцена Ахмети размислува за повлекување?

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари