Утрински Весник
Македонија

Чулев ги посети полициските службеници распоредени на пунктови кај Маврово и Бошков Мост

Чулев ги посети полициските службеници распоредени на пунктови кај Маврово и Бошков Мост

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети полициските пунктови кај Маврово и Бошков Мост и оствари средба со полициските службеници кои се распоредени таму.

– Тука сум за да изразам поддршка на полициските службеници кои се дел од Одделот за специјални полициски операции и несебично помагаат на граѓаните во справување со последиците од корона вирусот, изјави Чулев.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дела тој се заблагодарил на колегите од Дирекцијата за заштита и спасување и ги повикал граѓаните да останат во своите домови и да ги почитуваат одлуките на Владата за справување со коронавирусот. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче