Утрински Весник
Македонија

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември”: Апелираме до пациентите да даваат точни податоци

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември”: Апелираме до пациентите да даваат точни податоци

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје упати апел до граѓаните кои ја посетуваат болницата со цел добивање здравствена заштита, да даваат вистински податоци при епидемиолошкиот прашалник кој го пополнуваат.

Болницата тоа го бара за лицата да добијат адекватна помош, да не ги изложуваат здравствените работници и другите пациенти на потецијална опасност, а со тоа и да се придружуваат кон насоките на Владата за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19.

– Секое постапување спротивно од насоките, подлежи на кривична одговорност, нагласија од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје