Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на јавните површини и садови за отпад во Крива Паланка

Дезинфекција на јавните површини и садови за отпад во Крива Паланка

Крива Паланка, 17 март 2020 (МИА) – Вработените во јавното претпријатие „Комуналец” од Крива Паланка во текот на денот презема соодветни мерки за заштита од Ковид-19 и изврши дезинфекција на повеќе локации, јавни површини и јавните тоалети на подрачјето на Општината.
-Нашите екипи интензивно работат на вршење дезинфекција на јавните тоалети, садовите за собирање на отпад и други локации во општината кадешто има потреба, со цел одржување поголема хигиена и заштита од вирусот. Согласно заклучоците, пак, од денешниот состанок на општинскиот кризен штаб, нашето претпријатие ќе набави и дополнителни средства за дезинфекција и ќе продолжи со третманот на сите површини, изјави Миле Марковски, директор на ЈП “Комуналец” Крива Паланка.
Поради настанатата ситуацијата со коронавирусот (COVID-19)  и донесената одлука на Владата, од вчера забранета е работата на отворените пазари во градот, зелениот и сточниот пазар, како и работењето на спортската сала и спортските терени со кои стопанисува ЈП Комуналец што беше воведено уште минатата недела.
Дел од јавните институции во Општината на сопствена сметка извршија дезинфекција на сите површини во установите. ид/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола