Утрински Весник
Македонија

Општина Капрош ќе обезбедува логистичка поддршка на ранливи целни групи

Општина Капрош ќе обезбедува логистичка поддршка на ранливи целни групи

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Општина Карпош се приклучи кон акцијата на Црвениот крст на Град Скопје за обезбедување на логистичка поддршка на ранливи целни групи на територија на Карпош за справување со последиците од коронавирусот.

Како што соопшти денеска Општината, граѓаните од Карпош можат да се јавуваат на телефонските броеви: 070 – 226 – 136 и 02/3068-806, а мобилните тимови ќе функционираат секој работен ден, од 08:30 до 12:30 часот.

– Нивната задача ќе биде да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејствата со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани кои живеат во Карпош, информираат општинските власти.

Оттаму посочуваат дека сервисната услуга што ќе ја обезбедуваат мобилните тимови ќе биде бесплатна, а граѓаните ќе одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават.

– Од утре почнуваат да функционираат и две СОС линии за обезбедување на психосоцијална поддршка на граѓаните. Линиите ќе бидат отворени секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а останатите граѓани на телефонскиот број: 071/379-119, се наведува во соопштението на Општина Карпош.

Општината соопшти дека ќе одвои и буџетски средства за реализација на оваа активност, која е координирана и поддржана од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и другите градоначалници на скопски општини. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Осломеј

Четири креативни работилници за деца, Саем на книга и доделување на наградите на „Литера 2024“

АПЕЛИРАМЕ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела, локално по силно невреме во Македонија