Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ромските организации и здруженија бараат помош од државата за социјално загрозените семејства

Ромските организации и здруженија бараат помош од државата за социјално загрозените семејства
300x250 opst2

Гостивар, 17 март 2020 (МИА) – Повеќе невладини и граѓански организации кои ги третираат правата на ромите во земјава, побараа средства за лична хигиена, дезинфекција и заштитни маски за семејствата кои живеат во лоши социјални услови.

Дел од барањата соопштија од Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар, кои укажаа на состојбата и потребата на Ромите во ситуацијата која настана со Ковид 19.

– Дел од заедницата на Роми во повеќе градови живее во и онака тешка социо-економска ситуација и во дадениот момент е дополнително отежната. Личната и колективната хигиена на лицата во дел од ромските населби преставуваат потецијална опасност од зараза не само на нив, туку во целост на општото население во градовите, наведува Мухамед Точи од „Месечина“ – Гостивар.

Освен хигенски препарати, ромските организации препорачуваат и посети од лекари од јавно здравје, заедно со преставници од граѓанските организации на ромските населби, со ризик и слаба едукација да ги едуцираат за начинот на одржување на личната хигиена и на тој начин да се заштитат од пандемијата. згм/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата