Утрински Весник
Македонија

Поради ситуацијата со коронавирус се затвора градскиот пазар во Берово

Поради ситуацијата со коронавирус се затвора градскиот пазар во Берово

Берово, 17 март 2020 (МИА) – Градскиот пазар во Берово од утре, 19 март 2020 ќе биде затворен за посетителите и трговци. Ова денеска на заеднички состанок го одлучи Координативното тело при Општина Берово за следење на состојбата со Ковид – 19 (корона вирус), од каде истакнаа дека дополнително ќе биде соопштено кога пазарот повторно ќе биде отворен.

-Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, од името на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово сакаме да ги известиме граѓаните од Берово, Пехчево и поширокиот Малешевски регион дека градскиот пазар, почнувајќи од утре, 19 март 2020 година, нема да работи, односно истиот ќе биде затворен се додека траат препораките за заштита од корона вирусот, информираа надлежните.

Со цел спречување на ширење на КОВИД -19 (корона вирус) од Координативното тело апелираат на задолжително почитување на известувањето, од страна на пазарџиите, како и од страна на граѓаните на Општина Берово.

Воедно согласно состојбата со корона вирусот од комуналното претпријатие додадоа, дека сите потребни услуги и барања од службите на претпријатието во наредниот период ќе се вршат преку телефон од 07 до 15 часот или со електронска пошта на претпријатието која е објавена на општинската веб страница. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија