Утрински Весник
Македонија

Наставата на ФЕИТ утре продолжува со комбиниран начин на учење

Наставата на ФЕИТ утре продолжува со комбиниран начин на учење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска на седница донесе одлука од утре, 18 март,  да продолжи наставата со примена на комбиниран начин на учење, според утврдениот распоред на часови за летниот семестар 2019/2020 година.

-За таа цел, во системот за електронско учење на ФЕИТ, е-kursevi, имплементирани се два система за видеоконференции. Исто така, донесена е одлука сите изданија на ФЕИТ (учебни помагала, учебници, збирки задачи, упатства за лабораториски вежби) да им бидат достапни на студентите преку порталот за електронско учење, информира ФЕИТ. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешак загина во тешка сообраќајка вечерва во Волково

Саем на македонска традиционална кујна во Пустец

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија