Утрински Весник
Македонија

Чулев: МВР презема мерки затекнатите лица во Маврово и Ростуше безбедно да ги напуштат викенд куќите

Чулев: МВР презема мерки затекнатите лица во Маврово и Ростуше безбедно да ги напуштат викенд куќите

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за спроведување на заклучоците на Влада поврзани со безбедноста на граѓаните, во соработка со Министерството за здравство и Центарот за управување со кризи, и на соодветен начин се разгледува можноста сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи и се наоѓаат на подрачјата каде има кризна состојба, во близина на Маврово и Ростуше како што се Гари, Лазарополе и други мали населени места безбедно да ги напуштат своите викенд куќи.

Ова го посочи на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, информирајќи дека во општините Дебар и Центар Жупа во моментот има околу 130 припадници на МВР, а во периметарско обезбедување се од 45 до 50 припадници на Одделот за специјални полициски операции.

-Во текот на денешниот ден од страна на епидемиологот во Министерството за здравство ќе се изврши увид во здравствената состојба на овие лица при што доколку се дозволи од страна на Министерството за здравство и Здравствениот инспекторат со посебна дозвола од овие лица ќе бидат извлечени надвор од периферијата, рече Чулев.

Министерот Чулев додаде дека доколку пак се одлучи, на истите лица ќе им бидат доставени пакети со храна, средства за дезинфекција и лекови. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим