Утрински Весник
Спорт

Стојановски и Ѓуровски се враќаат дома

Стојановски и Ѓуровски се враќаат дома
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Со оглед на тоа дека и официјално ПРО А и ПРО Б лигите ги суспендираа сите наредни активности, а по првата клупска препорака, македонските репрезентативци Војдан Стојановски и Стојан Ѓуровски ја напуштија Франција.

– Се некако се случи набрзина, особено по онаа првична информација дека до следното, остануваме. Во клубот ја сфатија ситуацијата како доста сериозна, па на сила дојде една друга одлука која вели дека сме ослободени од понатамошните обврски, изјави Ѓуровски за веб-страницата на КФСМ.

Стојановски треба во Скопје да пристигне попладнево. Капитенот на македонскиот национален тим не е премногу убеден дека во Франција ќе се игра кошарка оваа пролет.

– Иако првично беше дека треба да останеме, сепак, одлуката на клубот е да ги ослободи сите странци. Да си заминат дома, во оваа криза, да бидеме дома со семејствата, што веројатно е и најдоброто можно решение, ако може да се каже така. Заминувам за Скопје со една голема непозната, што и како со лигата во Франција понатаму, порачува Стојановски. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја