Утрински Весник
Македонија

Учениците од основните училишта во Центар ќе учат онлајн

Учениците од основните училишта во Центар ќе учат онлајн

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и директорките на основните училишта во оваа скопска општина денеска на работна средба ги договорија начинот и моделите за продолжување на наставниот процес по електронски пат.

За настава од далечина општинските основни училишта ќе ги користат платформите Edmodo и Google classroom, како и веб-страниците на училиштата, мејлинг-листите и групите на Вибер и Фејсбук.

-Она што е многу важно е што учениците, покрај материјалите, ќе добиваат и задачи со точно утврдени рокови за изработка и доставување до наставникот по електронски пат. Обработки на лектири, тематски проекти, математички и логички задачи и проблеми, есеи се дел од обврските на нашите ученици во овој период на домашен престој. Целта е да не се изгуби континуитетот на наставата и учењето, а во исто време да се пополни слободното време на децата со активности соодветни на возраста, соопшти Општина Центар.

Секој одделенски раководител ќе ги известува своите ученици за обврските што ги имаат и начинот на кој ќе работат. На овој начин квалитетно ќе се исполни дел од слободното време на децата.

На денешниот состанок формиран е и тим од наставници од општинските основни училишта, кои ќе се вклучат во образовната програма на МОН и МРТВ и ќе одржуваат часови на телевизија во живо. хс/ац/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди

Хорор во Скопје: ја нападнал сопругата и ја избркал од дома, децата ги заклучил во тоалетот