Утрински Весник
Спорт

Погба сака да го напушти Манчестер јунајтед

Јувентус ги нуди Дибала и Сандро за Погба

Рим, 16 март 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба може да замине во Јувентус. Според „Calciomercato.com“ Погба сепак сака да го напушти Манчестер јунајтед, а враќањето во клубот од Торино е неговиот приоритет.

Како потенцијални идни клубови на Погба се издвојуваат и Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ.

За да го продаде Погба, Манчестер јунајтед ќе треба да ја намали цената што клубот ја постави на играчот од средниот ред минатото лето. Ниту еден од клубовите не е подготвен да плати 150 милиони евра за Французинот. Можеби трансфер би се случил со откупна клаузула од 100 милиони евра.

Покрај тоа, Погба сака плата во висина од околу 20 милиони евра годишно.

Претходно беше објавено дека Јунајтед планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот со Погба до 2022 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина