Утрински Весник
Македонија

Мобилни тимови во општина Гевгелија ќе им помагаат на стари и изнемоштени лица

Мобилни тимови во општина Гевгелија ќе им помагаат на стари и изнемоштени лица

Гевгелија, 15 март 2020 (МИА) – Заради целосна заштита и поголема безбедност на граѓаните од коронавирусот, општина Гевгелија денеска формираше мобилни тимови кои, почитувајќи ги мерките за претпазливост, ќе ги посетуваат домовите на самците, старите и изнемоштени лица за да им пружат помош за набавка на потребните прехранбени артикли, средства за лична хигиена и лекови.

Сите овие лица, како и корисниците на помош и нега на кои им е неопходна наведената помош, се повикуваат веднаш да се јават во Општината на дежурниот телефон 078 690 648.

Покрај ова, општина Гевгелија на сите корисници на гарантирана минимална парична помош еднаш неделно ќе им донира пакет со средства за дезинфекција, а заштитни ракавици, маски и дезинфекциски гелови ќе им донира на сите такси компании во Општината. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег