Куманово, 15 март 2020 (МИА) – Почна интезивното миење на улиците во Куманово, информираа денеска од Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. Миењето почна од приградските наслеби и ќе се спроведува наредниот период.
– Од утре почнуваме со дезинфекција на контејнери, кантички за смет, клупи се она што е урбана опрема-изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.
Претходно ќе се собере сметот и ќе се изврши дезинфекција. Од „Чистота и Зеленило“ повикаа граѓаните, учесници во сообраќајот да бидат трпеливи при изведување на овие активности.
Ова се дел од мерките кои ги донесе општинскиот кризен штаб кој заседваше претходните денови, кој препорача повеќе мерки, меѓу нив и дезинфекција на училишта, градинки.
Од денеска Куманово нуди и помош при набавка на намирници и лекови за болните и немоќните сограѓани.ам/са/