Утрински Весник
Македонија

„Аџибадем Систина“ стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

„Аџибадем Систина“ стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на државава, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство.

-На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни, информираат од „Аџибадем Систина“.

Оттаму порачуваат да се следат препораките за заштита и превенција од Ковид 19.  дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разрешен е Кире Наумов од функцијата директор на Развојна банка на РСМ

Камион прегази крава на патот Крива Паланка – Куманово

Инфлуесерите со реакција до директорот на ААВМУ: Зошто е опседнат со чесно заработените пари на инфлуенсерите, за кои веќе е платен данок?