Утрински Весник
Македонија

Облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините снег

Од попладне нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и грмежи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Врнежите на планините ќе бидат од снег, а кон крајот на денот на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. На југозапад ќе има услови за појава на ретки грмежи, информираат од УХМР.

Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од вчерашните. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно со слаб до умерен дожд и со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство