Утрински Весник
Македонија

ДЗС активно учествува на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа

ДЗС активно учествува на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа

Скопје, 14 март 2020  (МИА) – Наредба за мобилизација на дел од припадниците за заштита и спасување издал директорот на Дирекцијата за заштита и спасување ( ДЗС), Аднан Џафероски.

-Силите на ДЗС покрај делувањето во внатрешноста на кризното подрачје ќе делуваат на два контролни пунктови каде ќе се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови и другите возила кои со посебна дозвола ќе се движат во кризното подрачје, се наведува во соопштението од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата на Република северна Македонија поради лична заштита и заштита на целото население. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

„По Материјата“ – изложба на македонски, грчки и албански уметници во општина Преспа, Грција

СДСМ: Мицкоски е во паника поради падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите