Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп спасена стара жена од пожар

Во Прилеп спасена стара жена од пожар

Прилеп, 14 март 2020 (МИА) – Седумдесет и шестгодишна жена е спасена од пожарот што избувнал во нејзината куќа околу 16 часот на улицата „Ристо Василески“ број 10 во Прилеп.

Од куќата ја изнела нејзината сосетка кога видела густ чад од приземјето.

-Од соседната куќа ме викнаа дека има пожар и чад. Се стрчав и ја извадов жената надвор. Внатре се беше обвиено со чад. Не знам што се случило. Жената која има склероза само викаше дека телевизорот ќе и се запали. Се јавивме во противпожарната единица, тие веднаш дојдоа како и Итната помош, вели сосетката Катерина Гегоска.

Противпожарната единица веднаш реагирала. Пожарот за брзо е изгаснат кој, според првичните сознанија, избувнал во приземјето. ем/дма/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претрес во Валандово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Бујар Османи од Париз: Европската перспектива на Северна Македонија и Охридскиот договор во фокусот на средбите во француските институции

Левица: Муцунски гласаше за ембаргото на Куба иако 130 држави се спротивставија на санкциите на САД