Скопје, 14 март 2020
Ковачевски лаже, Заев ја потроши водата за струја, ќе нема за наводнување и пиење
Ковачевски ја манипулира јавноста. Хидроакумулациите се испразнети. Заев потроши повеќе од 2/3 од водата за производство на струја.
Заев ги остави земјоделците без вода за наводнување, последици кои ќе ги чувствуваат во текот на цела 2020 година, а граѓаните ги става под ризик да останат без вода за пиење.
•Тиквешко езеро е намалено за 70%.
•Езеро Калиманци е намалено за 75%.
•Езеро Турија е намалено за 65%.
•Прилепско езеро е намалено за 85%.
•Преспанско езеро изгубило вода во количина колку две Дојрански езера.
•Стрежевско езеро е намалено за 72,5%.
Состојбата е очајна и со Мавровското и Дебарското езеро.
Негрижата на власта ги уништува македонските езера.
Зоран Заев се што фати исуши. Негрижата поради неспособност и жед за пари мора да престане и да се казни. Неопходна е обнова која ќе донесе способност, работа, план и резултати.
По 12 април следува oдговорно користење на водниот фонд на Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки