Утрински Весник
Македонија

Пробиштип ги откажува претстојните манифестации

Пробиштип ги откажува претстојните манифестации

Штип, 14 март 2020 (МИА) – Пробиштип ги откажува претстојните манифестации во општината, согласно дадените препораки од Владата и Министерството за здравство. Марија Митева вработена во Општина Пробиштип вели дека се откажуваат манифестациите „Зелникот на баба“, „Младенци“ и „Пробиштипски маскенбал“. 

Согласно заклучоците од четвртата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, со записник од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (Коронавирус) – Ве известуваме дека манифестациите „Зелникот на баба“ која требаше да биде оддржана на 21 март, „Младенци“ која требаше да биде оддржана на 22 март и „Пробиштипски маскенбал“ кој требаше да се одржи на 27 март во Злетово и на 31 март  и 1 април  во Пробиштип се откажуваат, вели Митева.

Во меѓувреме пробиштипското комунално претпријатие врши дезинфекција на улиците и садовите за смет низ улиците, како една од превентивните мерки против корона вирусот. вдј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски во Виена на средба со македонската дијаспора: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ